Штипјанецот Фадил Назифов на силен Меѓународен пеливански турнир во Германија!

Во недела на 15. септември во Марл, Германија ќе се одржи голем Меѓународен пеливански турнир, а на кој учество ќе земе штипјанецот Фадил Назифов.

На турнирот учество ќе земаат над 60-тина натпреварувачи од повеќе држави од Европа, а најголемо внимание на овој силен Меѓународен пеливански турнир привлекуваат натпреварувачите од Турција, Исмаил Балабан, Али Гурбуз и Осман Ајнур, па за младиот штипјанец ќе биде голема чест да се натпреварува со вакви големи светски имиња кога е во прашање овој спорт, кој како спорт е близок до борењето слободен стил.

„Чест ми е да ги измерам силите со светски познатите пеливани од Турција. Се надевам дека ќе постигнам добар резултат и да продолжам во иднина да учествувам на повеќе вакви турнир со најдобрите“, изјави Назифов за М Нет телевизија.

Младиот Назифов се надевам на добри борби и во Македонија да се врати со добри резултати.

Александар Ванев, М-Нет