
Во новата сезона во Првата кошаркарска лига на Македонија учество ќе земат 12 екипи како и минатата сезона во ист формат на натпреварување, а во истата нема екипи од Истокот на државата.
Од 12 екипи дури седум екипи се од Скопје, една екипа доаѓа од Битола, една од Кавадарци, а по една екипа има од Гостивар, Гевгелија и Куманово. Фактот што дури седум екипи доаѓаат од Скопје е голема предност за истите од повеќе аспекти, воглавно поради финансии и патувања.
Во новата сезона бранител на шампионската титула е МЗТ Скопје Аеродром, а во новата сезона учество земаат и Пелистер, Работнички, ТФТ Скопје, Чаир 2030, Еуро Никел, Феникс, Гостивар, Кожув, Вардар, како и новите екипи Куманово и Шкупи кои доаѓаат од Втората лига на местото на ФМП Академија и Охрид кои испаднаа во Втората лига.
И во новата сезона како и во минатата последни две екипи на табелата во плеј-аутот директно ќе испаднат во Втората кошаркарска лига на Македонија.
Александар Ванев, М-Нет