
Околу 700 семејства во Штип имаат деца со посебни потреби, инвалидитет или ретка болест. Ова е фактот од Зоран Мијалков, родител на дете со попреченост, кој 20 години во општеството бара спас за истите. По стартот на учебната година, тие се соочија со проблемот за немањето можност истите да имаат асистенти во своите училишта, па според него потребно е сплотеност од факвите фамилии за да се најде решение на проблемите кои ги засегаат ваквите семејства и додава дека не треба да чекаат други да ја завршат работата.
“Ние сме околу 700 фамилии во Штип со деца за посебни потреби, инвалидитет или ретка болест. Дваесет години се обидувам да направам сплотеност да ги мотивирам, ако не си сплотен и да излегуваш во јавност, никогаш нема да ти го решат проблемот. Меѓутоа нашиот народ си има таков табиет, чекаат друг некој да заврши работа, си седат, молчат уплашени.“, вели Мијалков
Идејата не е да се прави скандал или неред, туку да се ги решаваат проблемите на нормален и достоен начин. Ова е последно истакнување на Мијалков и додава дека ако не се решат проблемите, тој ќе си замине од државата за да го најде спасот за своите деца.
“Јас не велам да правиме војна да се тепаме, народот треба да се освесте и за животни важни прашања, да го бараш и добиеш тоа што треба. Од дома никој нема да дојде и да ви го реши проблемот, ако не се бориш за проблемот.“, истакна Мијалков
Инаку, по вчерашната изјава на министерката за образование и наука, децата ќе добијат асистенти од вторник и истите ќе одат нормално во своите училишта. Таа додаде дека проблемот е со училиштата, а не со асистентите, па замоли на трпение до вторник, а со тоа и поддршка за сите семјества кои се соочуваат со ваквиот проблем.
Лаура Стојанова, М-Нет