Десертното грозје заштитен знак на тезгата на Доне од Штип, одлично и за ракија и за слатко

Десертното грозје е заштитен знак на тезгата на Доне Делов од приградската штипска населба Три Чешми. Вели има различни видови грозје, од кое може да се прави ракија, но е добро и за слатко. Вели од грозјето без семки, бело или црно се подгоотува најдоброто слатко за зимно време.

„Имам италјански мускат и други видови грозје. Овоа е исклучително десертно грозје, ама се користи и за правење ракија. Може да се прави и слатко од грозје. Јас на пример имам грозје без семка и бело и црно, тоа е уште поубаво за слатко.“ – вели Делов.

Делов парви и ракија од своето грозје. Во зависност од периодт и временскте услови вели зависи колку дена треба за да се подготви убава домашна ракија. Рецептот е стар, а кај него се прави до 49 степени.

„Најмалку 21 ден, но ако времето е поладно треба повеќе дена.“ – вели Делов.

Но, дециден е дека има доста работа за да се произведе добро и квалитетно грозје. Соодветни услови, ѓубре, наводнување, и многу грижа со цел да може да се произведе квалитетно и благо грозје.

„Прво кроење, тоа е пролетта, потоа целата процедура е во заштитата и во надводнувањето. Колку повеќе се наводнува толку е подобро. Од 12 до 14 сантиметри првпат се прска, кога е поголем ластарот тогаш се чисти, се кратат врвовите“ – вели тој.

Инаку годинава заради високите температури бербата на грозјето заврши предвремено, а лозарите посочија дека нема доволно квалитет.

Лаура Стојанова, М-Нет