Во минатото 15 куќи и кал до колена, а сега кога има услови луѓе нема вели Фиданчо од Караорман

За подобар живот 82 годишниот Фиданчо Митов пред 60 години од кочанскиот крај поточно од село Пресека се преселил во Караорман. Митов вели кога се преселил во Кааорман имало околу 15 куќи и кал до колена, а сега асфалтни улици, многу куќи, но празни бидејќи сите млади си заминале во странство.

“Јас сум од кочанскиот крај од село Пресека имаше 15 куќи сега не можеш да ги изброиш., па заради подобар живот. Па ние бевме у пасивно место, тука доделуваа земјиште имаше живеачка беше богато село и сеа се лолку толку добри нема еден да мизерува. Јас кога дојде кал, улицата кал до колена, а сега и асфалт и пак нема., истакна Фиданчо

Празни училишта, куќа е сликата во селата и градовите во источниот регион додава Митев, но вели дека во Караорман има услови за пристоен живот.

“Па 60 години живеам, роден сум 1942 година, татко ми бил роб во Германија јас кога сум се родил и од тогаш па наваму сум во караорман си работевме, тутун си имавме. Зимавме си платичка за време на Југославија не можам да се пожалам, многу подобро беше, на одмори, јадење, превоз. Сега како што гледам дечиња има народот избегаа ни училиштата се празни, празни се сите по странство отидоа.”, истакна Фиданчо

Во однос на соседните населби, бројот на дечиња во Караорман е пристоен , бидејќи има и дечиња кои започнуваат прво одделение, но се забележува недостатокот на луѓе, бидејќи сите заминуваат во сранствио и никој не оставува тука. Но и тоа не е добро вели Митов со својата изрека Кој сака да работи, Бог не му брани и овде има многу работа за работење. Пустош полиња, празни ниви, неожнеаоно житоа, тоа е се така заостанато затоа што младите не сакаат овде да работат и си заминуваат.

“Тука јас кога дојдов имаше 15 – 16 куќи, сега сме добри колку толку со дечињата гледам сега кога излават од некои други населби подобро е, имаме првооделенчиња има една жвеачка добра, ама народот бегат, а и не е баш така затоа што велат кој работе , Бог не му бране и овде има ќживеачка да си останат децата, сега куќите останаа без деца, тоа е грота, да излезежнарод однема. Но Карман колку толку, пак е пуно.”, додава Фиданчо

Бостан, пипер, магданос спанаќ, се гледалаљ убавината на дворот , но и мирисот на свежи намирници скинати од бавча вели Фиданчо.

“Абе се си има за мене, бостан, пипер, магданос, спанаќ, се си има у дворо, а сега младите нема кој да работе, нема ништо. Малку и ние сме кабаетлии ајде во странство ќе заминеме и напуште се домот, не е убаво и тоа. Епа за што, затоа што не сакат да работат младите, секој има во Караорман една прилична живеачка оризи имаше едно време сеа ги напуштиа, едно време садевме тутуни, афион, сега нема ништо.”, додава Фиданчо

Караорман се наоѓа на левиот брег на реката Брегалница, оддалечено околу 4,5 километри од Штип.

Лаура Стојанова, М-Нет