Со положување цвеќе и свечена седница Кочани го одбележува денот на ослободувањето – 7 септември

Со положување цвежо цвеќе на Споменикот на слободата и во паркот на Ревулуцијата во Кочани започна чествувањето на 7 септември – денот на ослободувањето на Кочани. Преставници од Локалната самоуправа, делегации, здруженија и пријатели оддадоа почит на загинатите борци за слободно Кочани и слободна држава. На свечена седница во Кочани по повод двата празника се доделија и највисоките награди за оваа година. Градоначалникот, Љупчо Папазов, во оваа прилика ги честиташе двата празника, на кочанчани но и на сите граѓани во државата.

„Во пресрет на двата големи празника, 7 септември денот на ослободувањето на Кочани и 8 септември денот на независноста на државата, ги одбележавме на Споменикот на слободата со положување свежо цвеќе и оддаваме почит на борците за слобода на градот и државата. Денес во склоп на чествувањата на двата празника ќе одржеме и свечена седница на кои ќе се доделат највисоките признанија на носителите на наградите за оваа година. Во оваа прилика сакам да им го честитам празникот на сите граѓани“ – истакна Папазов.

Со положувањето свежи цвеќе на Споменикот на слободата, но и пред спомен обележјата на Раде Кратовче и Љупчо Сантов, се покажа значењето на борците за слободно Кочани. Градоначалникот Папазов со желби за подобар живот и просперитетна држава.

Лаура Стојанова М-Нет