Со гости од Азија, Африка, Амрика и Европа во сабота започнува фестивалот ,,Истибаско здравоживо“

Со гости од Азија, Африка, Америка и Eвропа од сабота седми август започнува меѓународиот фолклорен фестивал Истибањско здравоживо, кој веќе 39 години опстојува во рамките на светската организација УНЕСКО за заштита на културното наследство. Со богата програма, гала концерти и дружби се покануваат сите заинтересирани кои сакаат да уживаат во оваа манифестација.

„Значи од сабота започнува 39 Меѓународен фолклорен фестивал „Истибанско здравоживо“, кој е единствен фестивал од Македонија во рамките на УНЕСКО при обединетите нации, заштитата на културното наследство. Годинава на фестивалот ќе настапат осум ансамбли од четири континенти од светот, како групата од Азија, Африка, Јужна Америка и ансамбли од европскиот контионент. Осум ансамбли ќе имаме и од државата во саботата и осум во средата.“, истака Митковски

Фестивалот ќе започне од саботата, а ќе трае до среда 11 септември, а гостите ќе бидат овде вклучително до четврток, истакна Митковски

Оваа година фестивалот ќе започне во саботата во Истибања, со тоа што ќе имаме заедничко оро во 16 часот на сите учесници на фестивалот, потоа со фолклорно дефиле низ Истибања, ставање катанци на мосост на саканите. Финалниот дел од фестивалот ќе се оддржи на плоштадот Ангел Винички во Виница, најпрво со фолклорно дефиле низ улиците на нашата општина и потоа во 17:30 часот со заедничкото оро, а во 18 часот ќе биде Гала концертот“, истакна Митковски

Инаку, гостите од страна се веќе на пат, а нивното пристигнување се очекува да биде утре на различни локации во државата. Сместувањето ќе биде според возраста, така што децата до 18 години ќе бидат сместени кај нивните домаќини, додека останатите во хотел. На ниво на државата овој фестивал е еден од најголемите меѓународни, кој опстојува веќе скору четири децении и истиот има за цел да создаде пријателства, дружба и едукација.

Лаура Стојанова, М-Нет