
Догрдување односно енергетска ефикасност на целиот археолошки локалитет, но поставувањето да биде надвор од опфатот беше можноста која се разговараше денес на локалитетот Баргала. По посетата на министерот за култура Зоран Љутков заедно со градоначалникот на Карбинци Виктор Паунов и директорот на Завод и музеј Штип, Митко Штерјов. Министерот за култура, Зоран Љутков исткна дека министерството ќе ги подржува проектите, а годинава обезбедени се околу три милиони денари.
„Ова е локалитет кој што е од посебно значење не само за Општина Карбинци туку е и од посебно значење за Македонија и макеоднската арехеологија. Антички град кој што е во фокусот на макеоднската археологија некаде до доцнежните 60 години од минатиот век, овој локалитет е во одлична конциција од страна на државата и општината. Една од добрите работи е што локалитетот е заштитен со ограда и е целосно осветлен, што претставува сам по себе голема атракција и можност за развој на туризмот.“ – изјави Љутков
Локалитетот Баргала е од посебно значање за македонската археологија додаде министерот, дециден дека локалитетот е во одлична кондиција од страна на државата, но и општината. Градоначалникот Паунов исткна дека е направено чекор во однос на вложување на финансиски средства, со што ќе се зголеми бројот на посетители кои се заинтересирани во однос на културата, арехеологијата и историјата.
Министерството за култура очеквам со следната буцетска година да земе во предвид локалитетот кој е многу важен за сите, сметам дека ќе имаме поголема пподржка која е во прашање археологијата.
Градоначалникот Паунов додацва дека во идина општината ќе продолжи со нови содржини во делот на културата, неколку спортски инфраструктурни објекти и на посетителите ќе им се понуди различни можности за посета односно рекреација и уживање во убавините.
Со нашата работа сакам да истакнам дека го привлековме вниманието и морам да кажам дека ова е првиот министер кој дошол на Баргала, мислам со тоа го привлековме вниманието и нашата работа е добра и ќе продолжи натаму финансирањето со министерствпто за култура, бидејќи ги истаживме бедемите на источниоѕт и јужниот, започнавме со конзервација иподготвени се проектите.
Митко Штерјов од завод и музеј посочи дека конзервиран е мозаикот на базиликата , извршено е ископување на екстра мурос кој што се наоша надвор пред локалитето Баргала. За догонина на локалитетот Баргала предвидено е конзервација на централната базилика, со што ќе се заокружи целата црелина на Баргала.
Лаура Стојанова, М-Нет