Кога трагата за криминалот води кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, нивните инсталации во правосудството ја ставаат правдата во втор план, истакна денеска Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Со години гледаме како мал дел на корумпирани судии и обвинители работеа под принципот за едни законот да важи веднаш, а за луѓето на СДС и ДУИ, предметот да заврши поинаку.
На судиите и обвинителите кои мислат дека и понатаму можат да одработуваат за старите центри на моќ, треба да им биде јасно дека времето на СДС и ДУИ заврши, а мора да заврши и времето на нивната заштита во правосудството“.
Македонија, додава тој, заслужува независно судство и обвинителство, а не политички бастион.
„Не може за случајот со модуларната болница да нема виновници. Не може за случајот Ласкарци да се укине пресудата. Не може за случајот Мазут, вреден 167 милиони евра, да нема ниту истрага.
Токму затоа довербата во правосудството е на дното.
А правда мора да има. Одговорност мора да има и законот мора да важи еднакво за сите“.
Текстот (Видео) Манасиевски: Кога трагата за криминалот води кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, нивните инсталации во правосудството ја ставаат правдата во втор план е превземен од МАКФАКС.