
Овој викенд се одржа Меѓународната ридска трка „Пониква 2024“ во организација на авто-клубот Перформанс од Скопје, член на Автомобилистичката федерација на Македонија. Натпреварот со тренизните заедно со техничкиот преглед помина во најдобар ред.
На трката настапија 20 натпреварувачи, меѓутоа 16 го завршија натпреварот. Учество земаа натпреварувачи од повеќе држави од Балканот.
„Јас како делегат на Автомобилистичката федерација за овој натпревар кој е во организација на Перформанс клубот член на Автомобилистичката федерација. Натпреварот со тренизите и техничкиот преглед помина многу убаво, имавме еден застој поради излетување на едно возило. Денеска на натпреварот исто така имавме вкупно пријави за 20 учесници, меѓутоа 16 го завршија натпреварот. Имавме учесници од повеќе држави од Србија, Косово, од Хрватска. Натпреварот е во добра организација и добро гостопримство од градот Кочани“, рече Доневски.
Уште оваа година не е исклучена можноста да има уште една натпревар на Пониква, вели Доневски.
„Може и оваа година да биде уште еден натпревар, меѓутоа ние и понатаму ќе гледаме бидејќи ова е трка од Централноевропската зона и се бодува за ФИА централна европска зона веќе неколку години. Јас барем сметам дека договорина ќе влезе во календарот еден од натпреварите на Пониква.“
Најдобар во првата трка беше Гентијан Шакири кој се натпреваруваше во категорија прототип формула, со време од 3 минути и 26 секунди, а на втората трка најдобар беше Бојан Петрушевски со време од 3 минути и 30 секунди, а членот на Перформанс се натпреваруваше со возило „сеат ибица“ класа Е1 2000 кубни сантиметри.
Александар Ванев, М-Нет