Воска го “потона” Вардар, Брера загуби од Струга, Шкендија е на врвот!

Вардар доживеа голем пораз од Воска Спорт, откако во рамки на 4. коло во ПМФЛ загуби убедливо со 1:3 од охридскиот тим.

0:0 на полувреме и четири гола во вториот дел. Ибраими и Јахја беа стрелци за охриѓани, а Мециновиќ си постигна автогол, за Вардар стрелаше Николче Шаркоски против својот поранешен клуб.

Беса и Работнички ремизираа без голови (0:0), како и Тиквеш со Гостивар.

Цаке и Крстевски обезбедија триумф за Шкендија од 2:0 над Пелистер во Тетово, а шампионот Струга Трим Лум со 2:0 ја доби Брера која влезе во резултатска криза со головите на Јевтоски и Малески.

Силекс со 2:1 го доби Шкупи на домашен терен со головите на Јевтимов и Ѓорѓиевски, а за гостинот погоди Имери.

Следува репрезентативна пауза, која ќе се искорости и за анализи.

Александар Ванев, М-Нет