Ултрамаратонецот Тони Манев со успешни предизвици во неговата кариера!

Ултрамаратонецот Тони Манев од Штип зад себе има неколку успешни предизвици, а како најголем предизвик е трката на Алпите во Швајцарија во должина од 270 километри.

Манев гостуваше во спортскиот магазин Трибина на М Нет телевизија, а тој открива дека најпрво започнал со фудбал, а потоа продолжува со трчањето.

Манев вели дека за да трчате планинско трчање треба да ја сакате природата, а овој спорт е релативно млад во однос на другите спортови.

Најголем предизвик кој Манев успешно го има совладано е трката на Алпите, каде Манев истрча над 270 километри.

Манев успешно го совлада предизвикот на Алпите, трката од 270 километри ја помина за околу 87 саати, а во иднина пред него ќе има нови предизвици.

Александар Ванев, М-Нет