
Во организација на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ Делчево на 24 август годинава се оддржа тринаесетото издание на фестивалот на хумор, сатира и карикатура „Пијанц“ 2024 година во Спомен домот АСНОМ. Овој фестивал е поддржан од министерството за култура, а на истиот беше прикажана изложбата на познатиот уметник, илустратор, карикатурист и тиричар Панде Петровски кои има 65 години ликовно творештво, а старост од 85 години. Сиве овие години, тој е претставник на познатата битолска школа на ликовни уметници и карикатуристи, но и на афоризми и скечеви на овие простори. Покрај овој уметник, беше преставен и литературниот портрет на познатитот македонски и балкански сатиричар Васил Талевски, кој 40 години е присутен со своите афоризми, но и како уредник и подготвувач на алманаси, зборници и афоризми во Остен и Баканиум. Во своите афоризми тој го истакнал она што обичниот човек се плашел дури и да го помисли и затоа е преведуван на повеќе јазици и е добитник на повеќе награди. Чест имаа посетителие на овој фестивал да го запознаат преку разговор овој сатиричар кој е редовен секоја година. За него ова претставува посебна чест и задоволство што беше и годинава на овој настан и што сеуште се цени неговата сатира.
„Секогаш ми претставува посебна чест и задоволство, кога сум на овој фестивал, кога сум во Делчево, пред оваа публика која ја разбира и цени сатирата. И навистина ми претставува и чест и задоволство што тука пред вас и ќе се обидеме заедно со моите домаќини да претставиме дел од сето она што сум го сработил овие четириесет години, откако сум во хуморот и сатирата.“ – вели Толевски
На фестивалот учество зедоа и други претставници како Софија Ситановска со книгата со детски епиграми „Палави епиграмчиња“ , Едита Кантурова и Елиса Асанова со книгата за детски афоризми на ромси јазик, Анастасија Стоименовска со нејзините ликовни дела, Андреа Толевска со превод од англиски јазик на делата на Толевски и Михаела Павловска со афоризми од Васил Толевски. Покрај овие уметници, Толевски го поздравија и неговите роднокрајни автори како Перса Стојановска, Крум Николовски, Вања Георгиевска, Андреа Димитровска и Магдалена Георгиевска.
Благодареници за допринос во подготовките на фестивалот добија Христина Деолска, стручен соработник и Никола Симовски, графички дизајнер, додека плакатот на фестивалот е дело на познатиот карикатурист Јордан Поп Илиев.
Лаура Стојанова, М-Нет