Поранешниот второлигаш Кит Го Пехчево и официјално е Академија Илинден – нов стадион и долгорочни планови!

Поранешниот второлигашот Кит Го Пехчево, а потоа ФК Пехчево од Штип, па ФК Пехчево Скопје и официјално од 1. август годинава го промени името во ФК Академија Илинден.

Пред неколку сезони во Втора лига – Исток, потоа во единствената Втора лига, сега во Трета лига – Север, екипата на Академија Илинден има долгорочни планови, а ќе добие и нов стадион за што информираше телевизија М Нет пред околу два месеци.

Третолигашот Академија Илинден и општина Илинден добиваат стадион со вештачка трева, соблекувални и трибини по стандардите на УЕФА и ФИФА.

Градежните активности се започнат, а клубот има за цел да се развива како со сениорскиот тим така и со младинските категории. Целта на Академија Илинден ќе биде расадник на млади фудбалери.

Проектот на Академија Илинден се темели на долгорочна основа, преку изградба на нов стадион и развој на младинските категории, „производ“ на млади играчи, до градење на тим за враќање во Втората лига, а потоа борба за влез и во Првата македонска фудбалска лига.

Александар Ванев, М-Нет