
Селекторот на македонската А репрезентација, Благој Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварите од новото издание на Лига на нации. Македонија на 7. септември ќе игра против Фарски оствори, а против Ерменија во Скопје на 10. септември.
Од повикани играчи само еден доаѓа од домашното првенство, третиот тоглман Игор Алексовски од Работнички, сите останати доаѓаат од странство.
На голманската позиција е Столе Димитриевски од Валенција, Шпанија и Дамјан Шишковски од Борац Бања Лука, БиХ.
Во одбраната се Висар Муслиу од Падерборн, Германија, потоа Никола Серафимов Фехервар од Унгарија, Јован Манев од Адана Демирспор, Турција, Езѓан Алиоски од Ал Ахли – Саудиска Арабија, Бојан Димовски од Акрон Тољати од Русија, Ахмед Иљазовски од Хвидовре – Данска, Стефан Ашковски кој настапува за Шанлиурфаспор од Турција, Ѓоко Зајков од Крајова Романија, како и Дарко Велковски кој е без клуб.
Средниот ред го сочинуваат Енис Барди од турски Трабзонспорт, Јани Атанасов од полска Краковија, Агон Елези од германски Бохум, Тихомир Kостадинов кој настапува за Пјаст Гливице од Полска, Елиф Елманс од Лајпицг, Германија, Исник Алими од романски Сепси, и Давид Бабунски од Данди Јунајтед од Шкотска.
Во нападот се Бојан Миовски кој настапува во Џирона од Шпанија, Милан Ристовски од чешки Бохемианс, Дарко Чурлинов од Јагиелонија од Полска, Александар Трајковски од Хајдук, Хрватска, Лирим Ќамили од Сондерјиске од Данска, Димитар Митровски фудбалерот на хрватски Вараждин, а дебитански повик доби Кристијан Трапановски кој го носи дресот на шкотски Данди Јунајтед.
Собриот на македонската репрезентација е закажан за 2. септември во Скопје.
Александар Ванев, М-Нет