ЈП Исар во загуба од над четири милиони денари за шест месеци, се плаќаат кредит, бонус плати

Загуба од над четири милиони денари покажува финансискиот извештај на ЈП Исар за период од шест месеци. Од почетокот на оваа тековна година до крајот на месец јуни тие се во загуба пред се заради испалата на рата за кредитот од 4 милиони денари месечно, за разлика од лани кога се плаќале по 1, 5 милиони денари месечно. Овде се додаваат испалата на регрес за годишен одмор.бонус плати и јубулејни награди за вработените во ЈП Исар.

„Финансискиот извештај на ЈП Исар во периодот од 1.1.2024 до 30.6.2024 година, покажува загуба од 4.810.503 денари. Истата таа загуба се должи на исплатата на камата за кредитот која е 4 милиони денари месечно, континуирана исплата на регрес за годишен одмор во износ од 14.140.000 денари како и зголемен трошок по однос на јубилејни награди и бонус плати на вработените.“ – вели Арсовски.

Но, од друга страна со исплатата на регрес за годишен одмор, редовни плати и бонус плати се намалува процентот на судски трошоци. Тоа значи дека претпријатието се помалку се наоѓа во ситуација да биде тужено од страна на физички лица.

„Со потпишувањео на спогодбите за скоро 71% се намалени трошоците по однос на судски трошоци.“ – додава Арсовски.

Директорот посочи дека зголемена е свеста кај граѓаните и поредовно за разлика од претходните години се плаќаат сметките за вода. Тоа овозможува и понормално функционирање на ова штипско јавно претпријатие.

Лаура Стојанова, М-Нет