
Се работи на активност за двонасочно движење на Каменик Мостот во Штип, но ќе се постави и пешачки мост за пешаците и учениците кои слободно ќе можат да преминуваат од едната до другата страна преку реката Отиња. Градоначалникот на Општина Штип Иван Јораданов посочи дека ваквата актиност е со цел да се намали сообраќајниот метеж и да им се дозволи на возилата брз пристап од едната до другата страна на река Отиња.
„Во наредните неколку денови до почетокот на учебната година до први септември ќе се изврши реконструкција на камениот мост во централното градско подрачје, подобрување на статистиката со цел воведување на двонасочно движење на возилата на овој мост кој што е симбол на нашиот град. Во следните неколку денови ќе се изврши подобрување со што со самото двонасчно движење ќе се намали досегашното кружење и одредени населби кои што десната страна од река Отиња ќе можат да го користат за исклучување и комуникација со другата страна од река Отиња.“ – изјави Јорданов
Акивноста за реконструкција на Каменик мостот во Штип е со цел двонасочно движење по главните улици на кои секојдневно се создава метеж, очекувајќи дека бројот на возила и пешаци со почетокот на учебната и академската година ќе се зголеми. Јорданов посочи дека ваквата ситуација е консултирана со сообраќајните инжинери како неопходен зафат кој треба да се направи кој ќе се најде во пресрет на граѓаните како олеснување на пешаците и сите возачи на автомобили. Дополнително на пешаците ќе им се овозможи преминување преку пешачки мост.
„Дополнително веднаш до овој мост во следните денови ќе се постави пешачки мост на платформите кои што се наоѓаат веднаш до плоштадот „Слобода“ и основнот училиште „Ванчо Прке“ кој ќе биде наменет за пешаците, пред се за учениците во основното училиште. Овие активности се надевам дека ќе завршат до започнувањето на учебната година во најбрз можен рок за неколку денови за да не се создаде поголем метеж и во пресрет за учебната и академската година да овозможиме непречен проток на возила во центарот на градот.“ – додава Јорданов
Јорданов посочи дека се надева во наредните неколку денови ќе завршат активностите пред почетокот на учебната година за да не се создаде поголем метеж во пресрет на учебната академска година и да се овозможи непречен проток на возилата во ценатарот на градот.
Лаура Стојанова, М-Нет