
Големата суша во летниот период го намали водостојот на езерото Калиманци на ниско ниво. Главни фактори за ваквата ситуација според директорот на водостопанската подружница брегалница Кочани, Благој Богатинов се високите температури, кои што периодов беа застапени на ниво на државата, но и послабите врнежи на дожд, кои што предизвикаа дополнително суша, вклучително и во браната Калиманци. Ова е пак дополнител факт за слаб доток на вода во самата брана, споредбено со изминатата година, со што сега недостигот на вода е помалку од 20 милиони метри кубни. Во однос на испарувањето на водата зголемена е исто така и потрошвачката на вода повеќе од 20 проценти.
Нискиот водостој на брана Калиманци исто така се должи и на зголемното наводнување на земјоделските површини во општините од регионот, поради што количината на вода во браната во моментот е под просекот.
„ На ниско ниво намален е водостојот на езерото Калиманци поради големата суша која се јавува во летниот период. Главни фактори за ситуацијата се високите температури, но и послабите врнежи од дожд кои предизвикаа дополнителна суша. Ова е дополнителен факт за слабиот доток на вода, споредбено со изминатите години, годинава недостигот на вода е помалку од 20 милиони метри кубни, а испарувањето на водата е зголемено, а со тоа и потрошувачката на вода за повеќе од 20%.“ – вели Богатинов
Во согласност со ваквата ситуација, од почетокот на Септември веќе ќе се изврши затварање на дентовите или така неречените зафати, за да се зголеми самиот водостој во браната имајќи во предвид дека истата нема да е потребна поради почнувањето на жетвата на ориз во регионот. Ќе останат отворени само каналите за земјоделците кои имаа градинарски и друг вид култури кои сеуште ќе имаат потреба од истата.
Вообичаено браната се полни во есенските и зимските месеци, а ова зависи од многу фактори меѓу кои и врнежите, независно дали се работи за дожд или снег, што значи дека временските услови имаат важна улога во зголемувањето на водостојот на реката.
Лаура Стојанова, М-Нет