
Вкупно 126 граѓани на Општина Пробиштип добија по 20.000 денари социјални парични средства од страна на општината по повод празникот и денот на рударите. Ваквиот настан се случува за прв пат кој е дел од програмата за социјални работи, истакна градоначалникот на општината Драган Анастасов и додава дека со ваквиот гест ќе се помогне на социјалните лица да го поминат достојно празникот на општината. По 20. 000 денари добија и лицата со попречености до 26 години.
“По повод разникот и денот на градот на рударите Општина Пробиштип за прв пат во програмата за социјални работи и предвиде средства за сите наши сограѓани кои имаат попреченост за 26 години и наши сограѓани кои што примаат надоместок од центарот за социјална работа и политика и се идентефитирани во тои центар. Вкупо 126 наши сограѓани по повод празникот добија еднократна помош во редност од 20 000 денари. „ ,вели Анастасов
Општината во текот на годината шест пати го зголеми буџетот за социјална и детска заштита, каде што се опфатени низа мерки, па вклучувајќи ја и последната по повод денот на рударите, додава Анастасов.
“Општина Пробиштип за 2024 година во својот буџет шест пати го зголеми буџетот за социјална и детска заштита, каде што опфати низа на мерки од каде што и за прв пат една ваква мерка, која што во разговор со моите колеги соработници. Одлучивме да влеземе во една ваква мерка, за да имаме помош на сите семејства од ваков карактер.“, истакна Анастасов
Инаку, Општина пробиштип по повод денот на рударите секоја година имаат и богата програма за сите посетители, а годинава има особено добра со балканските ѕвезди Жељко Самарџик и Јелена Розга.
Лаура Стојанова, М-нет