Пливачот Методи Георгиев викендот на нов Меѓународен пливачки митинг во Пожаревац, Србија

Младиот пливач Методи Георгиев од Штип викендот учество ќе земе на нов Меѓународен пливачки митинг, овој пат во Пожаревац, Србија. Штипјанецот изминатиот викенд учествуваше на Меѓународен пливачки митинг во Битола, каде освои три златни медали, а сега во одлична форма заминува во Србија на прво негово учество на овој Меѓународен турнир.

Георгиев исто како и во Битола ќе настапи во дисциплините слободно и делфин.

Георгиев се надева дека ќе направи голем успех и на овој Меѓународен турнир во Србија.

Штипјанецот е доста успешен, речиси на сите негови настапи дома и во странство освојува медали, а на последниот во Битола освои три златни медали.

Александар Ванев, М-Нет