
Вртоглавици, главоболки, наливи за повраќање се најчести проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Штип по обилните врнежи и драстична промена на температурите. Велат дека ја користат лекарската терапија, ама истата не помага кога станува збор вакви нагли промени и додаваат дека мораат да продолжат и да се крепат некако.
“Јас сум еден од тие што ова најмногу го осети. Пијам постојано терапија, ама не помага, треба да се избегнув, ама тоа е. Има подобрувања, но осеќам дека воздухот е веќе друг, имаме главоболка“, посочија граѓаните
“Чувствуваме, некогаш не, зависи. Главоболка, напиеме се некое апче, немаме што да правиме, мора да се крпиме.”, велат граѓаните
“Како не, многу големи промени и најчесто чувствуваме главоболка. Со годините нормално, лекови пиеме и така.”, истакнаа граѓаните
Покрај основните проблеми по падот на температурите, многу често граѓаните се очевидци на брзата помош како интервенира низ делови од градот, а тоа е доволен доказ дека ваквата ситуација се одразува негативно на здравјето.
“Да, чувствуваме. Мозочни удари, срцев удар, а брза помош постојано има во градот и постојано свират, што значи дека лугето имаат проблеми. Благодарам на Бога до сега е добро, а понатаму не знаеме“, истакнаа граѓаните
Со ваквата ситуација лекарите апелираат секој пациент кој има налив за повраќање, вртоглавица, нарушена рамнотежа, зуење во ушите, некои други промени во телото да се обратат кај своите матични доктори, за да им биде дадена соодветни терапи, имајќи во предвид дека наглата промена е и промена за организмот.
Лаура Стојанова, М-Нет