Над 180 милиони денари е задолжена КБ Штип, а низа апарати не работат и се скапи за поправка

Над 180 милиони денари е долгот на КБ Штип. Најголем дел се должи на трансфузиологија, а долгови има и кон добавувачи на медицинска опрема и лекарства. Дополнително на ова низа апарати во болницата не работат и бараат финансиски средства за да може да се поправат и стават во функција за пациентите.

„185 милиони, најголеми должници сме кон трансфузиологија околу 45 милиони. Други долгови кон некои јавни претпријатија немаме, другите се кон добавувачи на медицинска опрема и на лекарства. Со апаратурата, магнетната резоранца не работи, компјутерската томографија е со цевка која го поминала бројот на рентген испитувања, подвижниот рентген на ортопедија не работи, гастроскопот не работи“ – вели Захариев.

Претхондата недела е направена проценка колку ќе чини поправката на апаратите кои не се во функција. Ќе се работи и на физикална терапија, а таму ќе се постави и лифт, додава Захариев.

„За магнетната резонанца потребни се околу 1,5 милиони денари е поправката. Без разлика колку сме должни планираме од понеделник постапката за поправка да ја отпочнеме. Наредната недела ќе се пуштат понуди за калибрирање на физикална терапија“ – додава Захариев.

Со експанзијата која се очекува во болницата наредниот период, ќе се подобрат условите за пациентите, но и болницата на тој начин ќе има поголеми финансиски средства.

Лаура Стојанова, М-Нет