
Нема слободни места за упис во средното училиште „Коле Нехтенин“, паралелките веќе се формирани од претходните два уписни рока. Директорката, Јованка Шалева посочи дека сите места оваа учебна година се пополенти и ќе се формираат како и претхоДно осум паралелки.
За разлика од ова средно училиште, во штипското медицинско училиште има слободни уште триесетина места во два профили. Директорката, Марија Николиќ истакна дека очекува овие места да бидат поплнети и дека учебната година ќе започне со седум формирани паралелки како и претходните години.
„Денес е третото пријавување за упис во средно образование. Во нашето училиште имаме запишано 161 ученик, остануваат уште триесетина слободни места. Слободни места има во профилот физиотерапевтски техничар и гинеколошко акушерска сестра кои се во склоп на дуалното образование“ – вели Николиќ.
Слободни места има и во штипската гимназија. Потребно е деветооделениците да поднесат електронско барање, но и да ги достават потребните документи со цел од 2 септември овде да го продолжат своето образование.
„Согласно со распишаниот конкурс СОУ „Славчо Стојменски“ има слободни места. Ја користам приликата да ги информирам нашите идни ученици дека има слободни места и да им ветам здрава и безбедна образована средина.“ – вели Ристова.
Најмногу слободни места има во СОУ „Димитар Мирасчиев“ во Штип. Учениците можат да се запишат прва година во профилот техничар за изработка на облека, техничар за дизајн и оделирање на облека – комбинирана паралелка со четири години, или конфекционер кое е три годишно образование.
Најголем интерес деветооделениците оваа учебна година покажаа за запишување во СОУ „Коле Нехтенин“ каде уште во првиот уписен рок беа поплнети речиси сите слободни места.
Лаура Стојанова М-Нет