
Борачите на БК Олимпија од Штип успешно ги завршија базичните подготовки во Дојран за настап на Балканското првенство во Скопје, а сега ќе следуваат подготоки за технички-тактичкиот дел.
Поголем дел од борачите на БК Олимпија ќе настапат на Балканското првенство.
На месец и пол до почетокот на Балканското првенство ќе следува подготовки за технички-тактичкиот дел.
За време на подготовките во Дојран имаше претставници од боречки клубови од Турција и Бугарија со што се продлабочува соработката.
Младиот борач Филип Тодоров вели дека се подготвуваат и очекуваат медали од Балканското првенство.
Балканското првенство ќе се одржи во Скопје на почетокот од месец октомври.
Александар Ванев, М-Нет