Модриот патлиџан од холандиско семе највкусниот на штипскиот пазар на тезгата на Благој Донев

Највкусниот модар патлиџан од холандиско семе е најбараниот на штипскиот пазар на тезгата на Благој Донев од село Владевци струмичко. Дециден дека овој е многу вкусен модар патлиџан кој во себе крие многу состојки позитивни за здравјето на човекот и е еден од најкористените во кујна за декорација, но и за вкус.

„Имаме две сорти на патлиџан, што велат стара сорта модар патлиџан, са исто има и друга сорта на модар патлиџан. Семето ми е од Холандија земено, многу по квалитетно од црниот домат. Содрже повеќе калории од црниот, не троше зејтин и има добра бела боја, внатре кога ќе се испече. Се користе за сите работи во кујната, жените можат да готват се што сакаат, само да не ги мрзе. Друго црниот патлиџан е посен, го исцрпува зејтинот од ајварот и малку ако задоцнат ќе стане црна боја. Во другиот домат ако го стават во ајварот ќе ја има истата боја, многу по мрсен е и има светла боја како што има пиперката.“ – изјави Донев

Модриот патлиџан се саде на нивата во две варијанти под фолија и на отворено вели Донев кој посочи дека на вакви високи температури е тешко да се работи, доколку и малку го фати сонцето веднаш добива жолтеникава боја, но тоа никако не влијае врз вкусот на доматот, само влијае на надворешниот изглед.

„Се произведува се саде на нивата, садеме и под фолија и на отворено, само малклу е тешко сега кога температурите се многу големи, а ние треба да го зашититиме. Инаку не заштитен малку домат му е тенка кората и веднаш добива жолта боја. Инаку е добар за јадење се, но нема лице. Треба да бидат покриени со мрежи да биде засенет и да ја добие правата боја.“ – додава Донев

Тешко е да се работи, треба често наводнување, вештачки губрива. Благој Донев исткна дека побарувачката од ден на ден се зголемува.

„Па тешко е да се работи и одгледува треба наводнување, вештачки ѓубрива да се ставаат, да се хране како што ние се хранеме мора и тие, мора да се одгледува и да има големи количини вода.Пред седум осум години почнав со помала побарувачка, веќе побарувачката ми е доволона и имам луѓе кои се пробале доаѓат си зимаат и не прашуваат ни кој квалитет, ни што и го рекламираат на другите муштерии и ден во ден побарувачката е многу поголема. Плус во кафаните се троше за декорација.“ – додава Донев

Донев пред околу осум години почнал да се занимава и имал помала побарувачка, но сега вееќе купувачите редовно секој петок ги полнат кесите со модар патлиџан од неговата тезга.

Лаура Стојанова, М-Нет