
Македонските тенисери Горазд Србљак и Обрад Марковски учествуваат на ИТФ фјучрс турнирот во Куршумлијска Бања, а во стартоното коло Србљак преку пресврт обезбеди пласман во следнот коло, додека Марковски беше поразен во стартното коло.
Србљак го совлада седмиот носител Карло Алберто Каниато од Италија со 2:1 во сетови за два часа и 18 минути игра. Првиот сет Италијанецот го доби со 6:4 во гемови за 1:0. Во вториот сет македонскиот тенисер со 6:3 во гемови стигна до 1:1. Во решавачкиот сет Србљак беше убедлив и без загубен гем го доби сетот, а со тоа и мечот со конечни 2:1 во сетови.
Во следното коло Србљак ќе игра одново против тенисер од Италија, овој пат против Стефано Д’ Агостино, кој со 2:1 во сетови го доби Кристијан Лерби од Холандија.
Марковски преку квалификации стигна до турнирот, но не успеа да ја продолжи победничката серија, откако беше поразен од Јапонецот Хајато Мацуока со 2:0 во сетови за 89 минути игра.
Александар Ванев, М-Нет