РК Радовиш ги започна подготовките, пристигаат нови засилувања, договорени пријателски натпревари

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Ракометниот клуб Радовиш подоцна од предвиденото ги започна подготовките за новата сезона во Суперлигата, иако првично беше најавен старт на 5. август, истите започнаа на 12. август.

Клубот веќе работи со двојни тренинг сесии, со цел максимално да се искористи краткиот период за подготовки.

Радовиш има неколку нови засилувања, а во следниот период ќе се промовираат уште неколку.

Кратењето на Суперлигата го подига квалитетот во ракометната елита.

Договорени се пријателски натпревари преку кои ќе се темпира формата за новата сезона. Радовишани ќе се тестираат со Куманово на 19. август, двоен тест со Бисинов на 22. и 24. август, а на 27. и 31. август со прволигашот Младост од Богданци.

Радовиш има за цел да се избори за опстанок и да биде стабилен суперлигаш како што беше во минатото.

Радовиш во баражот го совлада Еурофарм Пелистер 2 и се избори за експресно враќање во ракометната елита на Македонија.

Александар Ванев, М-Нет