
Напаѓаат, туркаат од велосипеди, трчаат по автомобили. Жителите на село Облешево, мака мачат со кучињата скитници, кој се оставени на милост и немилост од страна на граѓани на околните градови. Се размножуваат и собираат во поголем број и скитаат по селото, а ние сме небезбедни, велат жителите и додаваат дека ваквата ситуација станува загрижвачка.
„Имаме кучиња, човек не може да помине, никој не и воде сметка на кучињата, ќе ги каснат децата.“, велат жителите
“Кој од каде и да е, тука ги донесуваат, ги пуштаат во пазарот, не им треба и ги пуштаат. Децата поминуваат од овде, а тие се собираат во поголем број. Претходниот ден со точек бутнаа еден човек кај нашата куќа.“, истакнаа жителите
“Па како не, штом ги има во поголем број. Се размножуваат, одат низ цело село, кокошки може да јадат исто.“, додаваат жителите
Потребно е надлежните да си ја завршат работата, бидејќи друг спас ние немаме, додаваат жителите и едногласно тврдат дека покрај што напаѓаат, кучињата носат и кондури, влечки и сметки од нивните пошти.
“Тие кучиња се на луѓето, доаѓаат и ги пуштаат, полн е патот кучиња. Човек ако е на точекот, ќе го бутнат. Да, да ги приберат, инаку друго нема спас, носат кондури, носат се нешто низ маалата во селото. Може да затроват некој.“, велат жителите
Во согласност со ситуацијата, градоначалникот на општината Чешиново-Облешево остана недостапен за да одговори на нашите прашања. Понатаму она што останува е колкава е свесноста и одговорноста за чувањето милениче и дали истите се само краткорочна потреба, по која тие се напуштаат и оставаат?
Лаура Стојанова, М-Нет