Газираните сокови едни од најшетните за здравјето на човекот велат штипјани

Газираните пијалалоци се предмет на сериозна критика од специјалистите на здравата исхрана. Сепак, пазарот е буквално преплавен од различни газирани пијалоци и анкетираните за М-Нет телевизија соогласни дека газираните пијлоци се едни од најшетните и често ги избегнуваат во секојдневниот живот. Децидни дека водата е единсвениот освежителен пијалок која го консумираат секојдневно во големи количини. Додаваат дека нашиот пазар е богат со развоновидни видови на вкусно овошје од приордни шеќери, билки и чаеви па не би било потребно консумирање на газираните сокови во кои има засладувачи и непотребни штетни шеќери.

„Газираните сокови се штетни конкретно за децата, газираните сокови содржат некоја енергија која влијае на грлото и самата смеса што ја ставаат да ги прават газирани тие се штетни. Па штом имаат шеќер мора да бидат штетни, тоа е нормална работа, мислам дека од вода нема нешто по убаво. Да штетно е сигурно, при толку природни сокови, толку овошја што има, јас мислам дека нема потреба да се пијат газирани сокови. Најмногу од се, ни мали, ни големи, никако, никој да не пие газиран сок.“ – велат граѓаните

Инаку газираните пијалоци го нагризуваат стомакот, а внесувањето дури и на една чаша газиран пијалок дневно води до 50% повисок ризик од развој на метаболитички синдроми, односно зголемен шеќер во крвта, зголемен крвен притисок, високи нивоа на маснотии во крвта, наречени триглицириди. Газираните пијалоци се извор на празни калории односно се полни со калории без никаква хранлива вредност. Ова практично значи дека ние консумираме разни газирани пијалоци без да имаме вистинска полза од нив.

Лаура Стојанова, М-Нет