
До 15 септември ќе завршат активностите со уредување на штипската едносмерна посочи градоначалникот на Штип, Иван Јорданов. Со главна цел Штип да добие ново модерно шеталиште кое ќе ги анимира сите генерации, но и да се промовира градот Штип со познатиот бренд пастрамајлијада.
“Крајната цел е Штип да добие едно прекрасно шеталиште, кое ќе ги анимира сите генерации од најмлади до највозрасни. Времетраењето за завршување на проектот шеталиште на улицата „Ванчо Прќе“ е до 15 септември. Затоа што на истата ова локација се предвидува да се предвидува да се одржи овогодинешната пастрамалијада, за да има доста посетители не само од нашиот град, туку и од цела Македонија со богата забавна програма и на тој начин да го промовираме градот Штип и познатиот бренд пастрамајлија.”, вели Јорданов
По затворањето на улицата „Ванчо Прќе“, се затвори и главната артерија за проток на возилата и намалување на сообраќајниот метеж. Но градоначаникот Јорданов истакна дека веќе се размислува за одредени сообраќајни измесни со што ќе се олесни движењето во централното градско подралчје, бидејќи со почетокот на следниот месец ќе се зголеми сообраќајниот метеж со отпочнување на училишнатаи и акадџемската година.
“Веќе се размислува за одредени сообраќајни измени со кои што ќе се олесни движењето во централното градско подрачје, но морам да напоменам дека преку комуналните редари, СВР Штип мора да се намали сообраќајната некултура односно да се намалат дивијантините појави како непрописни паркирања, несовесно однесување за да фукционираме нормално.”, додава Јорданов
Дециден дека требда да се намали сообраќајната не култура, односно да се намали дивијантното однесување на сите учесници во сообраќајот, каде ќе делуваат комунални радари и припадници од СВР Штип.
Лаура Стојанова, М-нет