
Струмичката фудбалска гордост Беласица слави 102 години од своето постоење, а во својата кариера овој клуб има големи успеси.
Фудбалскиот клуб Беласица во минатото има многу големи победи и тимски успеси, многу големи играчи произлегле од овој клуб како Горан Пандев кои имале големи фудбалски кариери.
Беласица пет сезони беше југословенски второлигаш, три сезони беше југословенски третолигаш и југословенска четврта зона.
Два пати во 1/16 финале од југословенскиот куп, шампион на Македонија во сезона 82/83, 87/88, вицешампион на Македонија во 63/64, 2001/2002 и 2002/2003.
Полуфинале на Куп на Македонија во сезона 2002/2003 и 2019/2020, освоени три младински Куот на Македонија и првенства во кадетски и пионерски категории.
По повод 102-от роденден Беласица натпреварот од 3. коло од Втората лига против Охрид ќе го одигра под рефлектори на „Благој Истатов“ односно во вечерен термин.
Александар Ванев, М-Нет