Адеми стрелец на првиот гол: Воска до бод со Шкупи, реми на Пелистер, победа за Струга!

Денес започна новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, а Фитон Адеми од Шкендија е стрелец на првиот гол во новата сезона 2024/2025.

Новајлијата Беса сезоната во елитата ја отвори со пораз од Шкендија од 1:3. Адеми го даде првиот гол оваа сезона, а Селмани и Ибраими погодија од пенал, пак за Беса погоди Ремзифаик Селмани.

Покрај Охридското Езеро се одигра “Супер-куп” каде шампионот Струга се соочи со освојувачот на Купот, екипата на Тиквеш во меч каде шампионот со минималец (1:0) беше подобар и со триумф ја започна одбраната на титулата со голот на Компаоре.

Повратникот Пелистер на домашен терен се соочи со Пелистер каде епилогот беше реми од 1:1. Искусниот Потук погоди за водство на Гостивар, а Ристевски во финишот на првиот дел ги постави конечните 1:1.

Шкупи како домаќин играше на Маџари против Воска Спорт, а охридскиот тим прокоцка два гола предност од 1:3 во финишот прими два гола за конечни 3:3. За Шкупо погодија Ибиши, Ел Хаџи Арганг и Едмундсоон, а за Воска погодија Јахја, Клинтон и Ибраими.

Работнички на Националната арена го пречека Силекс во меч каде со минимални 1:0 подобар беше домаќинот со голот на Далеи.

Колото ќе се комплетира вечерва од 20 часот со мечот меѓу Брера Струмица и Вардар, кој играат на “Благој Истатов” под рефлектори.

Александар Ванев, М-Нет