Слога Виница со петгодишен план за младинската школа, сениорски тим, но и за инфраструктура

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

По влезот на турските инвеститори од прволигашот Гостивар во Слога Виница, започнаа работите во овој третолигаш да се движат во позитивна нагорна линија.

Клубот има зацртано петгодишен план како за младинската школа, така и за сениортскиот тим со цел клубот во иднина да биде стабилен второлигаш.

Овој петгодишен план на клубот ја опфаќа и самата инфраструктура на Градскиот стадион во Виница.

Поголем дел од клубовите во Македонија како во Прва, Втора и Трета лига, работат на подобрување на својата инфраструктура.

Новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Исток ќе започне на 15. септември.

Александар Ванев, М-Нет