Ќе се реконструира Градски во Радовиш, кој веќе доби терен со вештачка трева, инвестиција од 106.000 евра!

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Се подобруваат условите на Градскиот стадион во Радовиш, второлигашот Детонит Плачковица добива подобри услови, како за сениорскиот тим така и за младинскиот тим.

Теренот е веднаш до самиот Градски стадион, истиот е со вештачка трева и тука веќе младинските категории ги одржуваат своите тренинзи.

Теренската подлога на овој помошен терен е еден сегмент, сега ќе следува поставување на висока заштитна ограда, уредување на заштитниот ѕид, поставување на шанк.

Во следниот период ќе следи и реконструција на самиот Градски стадион.

Реконструкција ќе има и на теренот во радовишката населба Раклиш, кој треба да биде тренинг база на Детонит Плачковица, за што веќе има комлетен проект.

Сега ќе следува реконструкција на тревникот на Градскиот стадион во Радовиш.

Тревникот на главниот терен во Радовиш ќе добие современ автоматизиран систем за наводнување со тајмери.

Александар Ванев, М-Нет