
Женскиот фудбалски клуб Каменица Саса за новата сезона од Првата женска фудбалска лига промовираше пет нови засилувања, а со цел атак на титулата и излез во Европа.
Во новата сезона конкуренцијата за првото место ќе биде поголема, а за таа цел Саса се засили со репрезентативниот голман Магдалена Лекоска, Анџела Миловановиќ, Арта Рама, Елена Петровска и Васка Василевска.
Голманката Лекоска во Саса доаѓа од актуелниот шампион Љуботен, а 25-годишната голманка ќе биде капитално засилување на Саса на оваа позиција. Во својата кариера има настапувано за Истатов, Скопје 2014 и Топ Гол од Битола.
Миловановиќ го засилува средниот ред на Саса, 25-годишната фудбалерка пристигна од шампионот Љуботен.
29-годишната Рама во Саса доаѓа од редовите на Хајвалија од Косово со која има неколку шампионски титули и настапи во Лигата на шампионите. Станува збор за искусна фудбалерка која ќе одговори на повеќе позиции во средниот ред.
Петровска има 26-години, а во Саса пристигна од шампионот Љуботен, а претходно ги бранеше боите на Скопје 2014, Истатов, Младост Иднина од Кочани и Единство.
17-годишната Василева е репрезентативка, која беше капитен во У-17 репрезентацијата, моментално е дел од У-19 репрезентацијата на Македонија. Василева во Македонска Каменица доаѓа од струмичка Тиверија и претставува одлично засилување на левата бековска позиција.
Минатата сезона Саса заврши на второто место во Првата лига, зад шампионот Љуботен, а овие две екипи се соочија и во Купот на Македонија, а победник беше тимот од Тетово.
Александар Ванев, М-Нет