Рељиќ ја победи двократната олимписка шампионка, дебакл на Егоров во првото коло ОИ Париз 2024!

Македонскиот репрезентативец во борење, Владимир Егоров, рано го заврши својот настап на Олимписките игри во Париз, каде беше поразен во осминафиналето односно во првото воведно коло.

Егоров, во категоријата до 57 килограми слободен стил убедливо е поразен од Индиецот Аман Шерават, кој го победи македонскиот репрезентативец со 10:0 во поени врз основа на техничка супериорност и без освоен поен од страна на противникот односно на Егоров.

Индиецот експресно дојдо до 6:0, а потоа освои уште четири поени и се пласираше во следната фаза односно во четвртфиналето.

Македонската теаквондистка Мила Рељиќ направи голем успех на Олимписките игри во Париз откако во првото коло ја победи двократната олимписка шампионка, Британката Џејд Џонс, која беше фаворит во дуелот со Македонката.

Првата рунда македонската такевондистка ја доби со 7:, Џонс успеа со 4:5 да ја добие следната рунда, а одлучувачката трета рунда и припадна на Рељиќ поради поголемиот број удари.

Рељиќ веќе денес од 15:45 часот ќе се соочи со Летиција Аоун од Либан.

Александар Ванев, М-Нет