Денес конзулот на Чешката Република ја посети Општина Штип

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов, денес оствари средба со конзулот на Чешката Република Давид Чернохорски и советникот за земјоделие Владимир Вана.

На денешната средба Градоначалникот, конзулот на Чешката Република и советникот за земјоделие разговараа за остварување на соработка во повеќе области помеѓу Општина Штип и Чешката Амбасада, која беше интензивна во изминатите години со започнување на повеќе иницијативи и реализација на проекти во интерес на граѓаните на Општина Штип.

Јорданов посочи дека сигурно и понатаму ќе продолжи меѓусебната соработка и поддршката која Чешката Република ја дава на нашата Општина и во иднина ќе продолжи со уште поголем интензитет.

Лаура Стојанова, М-Нет