Прволигашот Тиверија Брера се засили со повратничката Павлинка Николовска

Прволигашот Тиверија Брера за новата сезона во Првата женска фудбалска лига се засили со повратничката Павлинка Николовска, која се враќа во својот матичен клуб по шест години, а доаѓа од редовите на актуелниот шампион Љуботен од Тетово.

26-годишната фудбалерка која игра на позицијата централен дефанзивец по шест години одново се враќа во струмичкиот прволигаш Тиверија Брера, откако претходно две две години беше во Љуботен, две сезони во дресот на Каменица Саса, а по една сезона помина во Скопје 2014 и за српскиот тим Црвена Ѕвезда. Во својата кариера Николовска настапуваше една полусезона и за Истатов.

Николовска е репрезентативка на Македонија во сениорскиот национален тим и важи за една од најдобрите дефанзивци во Македонија. Николовска беше претставена како прво летно засилвање за новата сезона во Првата лига во која Тиверија Брера има високи амбиции, односно да ја освои шампионската титула и да излезе во Европа, а во следниот период ќе бидат промовирани уште неколку засилувања со цел да се остварат зацртаните цели на струмичкиот прволигаш, во кој однеодамна влезе странската компанија Брера Холдинг, која поседува 90% од акциите на прволигашот Брера Струмица.

Тиверија Брера одигра два пријателски натпревари преку кои ја темпира формата за новата сезона. На првиот со Љуботен реми од 1:1, а на вториот меѓународен пријателски меч екипата на Тиверија Брера загуби од Приштина со минимални 1:0.

Александар Ванев, Струмица Сити