Малолетник излетал од пат со мопед, со тешки повреди пренесен во КБ Штип

На 04.08.2024 во 00.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Р1403, помеѓу селата Подареш и Калугерица, радовишко, малолетно лице од село Калугерица управувајќи мопед „хонда“ без регистарски ознаки, изгубило контрола и излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Медицински центар Штип, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.