
Каменица Саса денес одигра пријателски натпревар со Осогово во Кочани каде „рударите“ од Македонска Каменица беа подобри на овој тест со 1:2.
На тестот меѓу Новаци и прволигашот Пелистер беа постигнат седум погодоци за триумф на битолчани од 3:4.
За Новаци стрелци беа Стефан Стефавноски, Иве Трифуновски и Стефан Трајчевски, а пак за Пелистер стрелци беа Давид Ангелевски, Бобан Здравевски, Дамјан Масевски и Андреј Сиљановски.
Новата сезона во Првата лига ќе започне на 10. август, за што веќе е познат распоред, а веќе инфорамираше М Нет, а Втора лига стартува на 17. август, а на 5. август ќе биде познат распоредот.
Александар Ванев, М-Нет