
Прославувањето на утрешниот празник испреплетен со патриотски, фолклорни и религиски симболи го прави утрешниот ден еден од најважните празници во државата. Бидејќи утре граѓаните го празнуваат празникот 2 Август, Илинден, Денот на Републиката. Секој граѓанин со свој вкус во славењето на утрешниот празничен, а и неработен ден. Но многу важно е дека на повеќето денот им започнува со поаѓање во црква и палење на свеќа, па потоа сите следни активности кои се организирани за тој ден. Граѓсните велат дека убаво им е кога ги посетуваат своите родни места и се навраќаат на убавите спомени, а многу често на овој празник се собираат цело семејство и го попминуваат денот заедно.
„Па јас ќе си отидам во мојто родно село. Секоја година си славам во Зрновци. Сабајле одиме на црква, потоа си ручаме, чисто семејство.Голем празник е св.Илија. Обично има слави, во некои места, како селска слава што имаат во Аргулица. Па некако намалува се да не е како порано што е било, а не би требало да е така. Секоја година одиме на црква и утре сабајле ќе одиме, си палиме свеќа. Црквата си дава ручок, манџа се си даваат. Кој си носе ракија, кој вино си носи, пиво, секој си дава.“ – велат граѓаните
Утре се прават и слави во некои села, а се прославуваат и имендени велат граѓаните. Децидни дека овој слободен празничен ден го искористуваат во добро раслоложение и со многу дружба.
Традиционалното одбележување на празникот, година по година исчезнува, но останува барем на некој симболичен начин да го одбележиме додавааат граѓаните. Велат дека порано славењето било многу значајно.
Лаура Стојанова, М-Нет