
Утре е празникот Илинден, ден кој означува и почеток на продолжен викенд. Веќе поголем дел од граѓаните се веќе заминати на празничниот продолжен викенд. Додека одреден дел остануваат во државата. За тие што сакаат да се сончаат и да ужуваат покрај море најатрактивни се Грција, Бугарија и Албанија овде не изостанува и градот со најубавата езерска вода Охрид, а поради празникот граѓаните се одлучуваат да го посетат и Крушево и да ја проследат свечената манифестација за празникот.
„Да, мислам кои се на работа ако им се продолжени викендите сите се на одмор некаде. Па изгледа повеќе Албанија, Грција, Охрид тука има што да се види, што имам разговарано со некои ќе одат за Крушево сега за Илинден“
„Грција,Србија, Бугаријаи Крушево, па повеќе надвор отколку кај нас. Повеќе Грција, Бугарија, отколку кај нас. Охрид да и таму одат ама повеќе надвор од државата“
Граѓаните согласни дека тие што имаат повеќе парични средства можат да си дозволат патувања. Ссвен Охрид, Грција, Бугарија и Србија интерес се пројавува и на викендици кои се лоцирани на планинските места како што се Маврово и Берово и истите нудат чист ладен воздух далеку од градскиот метеж.
„Кој колку има пари и каде сака по туристичките центри одат главно Дојран и Охрид и по викендици тие што имаат кај Маврово, Берово, некаде на поладно и чист воздух. Некои што имаат повеќе денови и пари одат и за Грција и за Бугарија“
Инаку манифестацијата во Крушево ќе биде проследена со богат огномет, културно-уметничка програма и импровизиран напад на Крушево, како потсетување на славните илинденски денови и на Првата република на Балканот.
Лаура Стојанова, М-Нет