Дрвени лажици, бркалки, даски изработува Ефтим Алексов, но вели занаетот е пред умирање

Дрвени лажици, бркалки, сукалки и предмети за домаќинства може да се најдат на тезгата на Ефтим Алексов. Тој повеќе од 12 години се занимава со производство на дрвени предмети, за кој вели потребно е да се има желба, трпение и време за да можат да се изработат. Пред камерите на М-Нет тв, Алексов вели дека занаетот го научил сам уште кога бил дете, но сега целосно му се посветил на истиот, го работи и потоа дрвените предмети ги нуди на граѓаните на пазарот во Облешево.

“Ова е бркач, потоа има бркалка за поголем сад, ова е бркач за ајвар и пинџур, а ова е сукалка за сукање баница. Ова се вика охладија, за погача и за панаѓија .Тоа е молитва за Исуса Христа, а ова за мајката Богородица, тоа е“- додава Алексов.

Иако има доста предмети кои може да се користат, сепак вели кај нас се поретко се бараат и купуваат лажици, дрвени сукалки, даски и слично. Цените се во зависоност од производот, но граѓани најверојатно помалку ги користат па затоа и не ги купуваат вели Алексов.

Некогаш занаетот бил секојдневие и бил неопходен за да функционира самото општество, а сега не. Постојат повеќе видови на стари занаети во Македонија, но се речиси скору секој е пред изумирање. Со новите технологии, граѓаните речиси и немаат потреба од занаетот и тоа е основната причина поради која нема интерес за истиот.

Лаура Стојанова, М-Нет