
Општина Штип е една од општините каде има најниска стапка за плаќање на данок на имот, за имот во кој не се живее. За разлика од пред неколку години кога за имотот во кој не се живее и кој прествуваше луксуз се плаќаше трипати повеќе, сега се плаќа стапка од 1%. Ова следува откако Уставен суд го укина членот 6 од Законот за даноци на имот.
„Што се однесува за измената од 2021 година за зголемување трипати на даночната стапка за оние станови кои преставуваат луксуз, односно за обврзниците кои имаат повеќе имоти Уставниот суд со одлука од оваа година ја укина и Општина Штип нема постапувано по неа.“ – вели Каров.
Во Штип околу 18% од даночните обврзници имаат втор или трет имот за кои плаќаат данок со стапка од 1%. За луксуз се смета секој втор или трет имот кој го имаат даночните обврзници, а според лична карта не живеат во него.
„Според податоците од нашиот софтвер од 17 илјади даночни обврзници во Општина Штип од две илјади до три илјади имаат повеќе од два до три имоти.“ – додава тој.
Каров посочува дека расте одговорноста кај граѓаните и дека навремено се плќа данокот на имот, до Законски предвидениот рок. Тоа е до средината на месец ноември во тековната година.
Лаура Стојанова, М-Нет