
Како што е адет со години така и денес штипјани ги посетиjа гробните места на покојните, одбележувајќи Горешница. Анкетираните граѓани пред камерите на М-Нет телевизија велат дека денес одат на гробните плочи на покојните и ги полиеваат со ладна вода, поставуваат лисотви од орев, цвеќе, но не палат свеќи. Додаваат дека кога се слободни често доаѓаат и ги посетуваат упокоените.
„Денеска е Горешница и на гробобовите се донесуват листови од ореви и гробовите се посипуваат со вода да им е ладно, од горешница да се изладат. Кога е празник, кога сме слободни сите ги посетуваме од фамилиите, а може пријателите и блиските.“
„Горешница е донесува се пресна вода, залива се гробо и се става цвеќиња. Не свеќи, затоа е горешница за да се донесува вода за да се полива гробо и од орев листови се стават, така останал адет.“
Инаку Горешници – претпоследните три дена на месец јули. Започнуваат на 28 јули и завршува на 30 јули на денот на Светата маченичка Марина (Огнена Марија). Бидејќи се слави во најтоплиот период од годината, обичај е овој и претходните два дена да не се работат никакви полјоделски работи, заради заштита од пожари и поројни дождови. Трите денови Горешници порано служеле и за претскажување на временските одлики на претстојната зима.
Лаура Стојанова, М-Нет