
Ако сте напнати и често под стрес, набавете си домашно милениче. Ова е советот на мнозина лекари низ светски рамки. Но, колку ова е факт кај популацијата во градот под Исарот? Добро е да се има домашно милениче, велат делумно граѓаните на Штип и додаваат дека не е штетно да се има во сопствениот дом.
“Па видете сега, тие што ги чуваат е добро, за некој може би не е добро, но сепак е добро. Внатре во собата, во просторијата, каде што се газдите на кучето. Не, не е штетно. Па животно, како животнот и оно тражи егзистенција, кога му е жешко влегува во собата, влегува во подрумот, имам подрум ладен.“ – изјави граѓаните
Покрај делумното мислење на граѓани, се издвојуваат и спротивни мислења во врска со чувањето на миленици внатре, кои велат дека милениците се за надвор и дека многу често луѓето знаат да ги оставаат без одговорност, а тие прават неред во населените места.
„Мизерија, кучето и мачето се за надвор, а не за во собата, па ги гушкаат, па ги галат, катастрофа. А, тука по градот што чуваат, ги донесуваат во Караорман, ги пуштаа и прават лом. Кокошки јадат и тоа е хаос, со каишки кучуња, тоа значи дека е било домашно, сега е фрлено во селото и катастрофа.“-додаваат граѓаните
Според многубројни психолози, постои солиден број на причини зошто луѓето толку се приврзуваат за своите крзнени пријатели и зошто неретко ги сметаат за вистински членови на семејството.
Покрај неограничената среќа и забава која загарантирано доаѓа по одредено време поминато со припитомено животнот, постојат голем број научени трудови кои ги поткрепуваат исказите дека чувањето миленик доаѓа со значајни придобивки за физичкото и менталното здравје.
Лаура Стојанова, М-Нет