
Денеска официјално започна реконструкцијата на познатата „Едносмерна“ во Штип, по претходна најава дека истата се затвора за сообраќај а ќе биде пренаменета во пешачка зона во пробен период во времетраење од еден месец. Проектот опфаќа обновување на уличната инфраструктура, подобрување на водоводната мрежа, и инсталација на уличните светла. Граѓаните пред камерите на М-Нет телевизија споделија позитивни ставови дека Штип одамна заслужува ваков проект кој е од општо добро за граѓаните.
“Добро мислам само да има малку повеќе клупички да може да приседне човек и некоја сенкичка инаку фино е. Во секој случај заслужува Штип да има едно такво катче каде што пешаците можат да поминуваат да пазат на возилата, сега не знам што е замислено ама би требало.“
Со овој проект престануваат движењата на автомобилите на една од најпрометните улици во Штип, од друга страна пак граѓаните позитивни и радосни го очекуваат финалниот изглед каде ќе можат да уживаат во вечерните прошетки и да се дружат со најмилите.
„Супер значи најреално во секој град треба да има шеталиште, а Штип е главен на источна Македонија“
Со реконструкцијата се предвидува промена на естетскиот изглед на улицата подобрување на функционалноста а воедно да се обезбеди погодно место за шетање, купување,и опуштање за граѓаните и посетителите на Штип.
Лаура Стојанова, М-Нет