Денес и утре се одржува школа за гитара за младите лица на Штип, проектот е дел од ШКЛ

Денес и утре од програмата на штипско културно лето 2024 се организира школа за гитара за млади од стручните музичари Ивица и Божидар Јорданови. На едукативната школа денес учество зедоа многу млади ученици и тијнеџери, кои покрај што можеа да слушнат дел од милозвучноста, имаа можност и да отсвират дел од актордите на гитарата. Поентата на музичката едукација е да ги мотивираме младите лица на Штип, да во своето слободно време имаат можност за музицирање, вели музичарот Ивица Јорданов

„Поентата е една едукација така да ја наречам, да ги поттикнеме еве колку што можеме младите деца да се занимаваат со музика. Еве како гитаристи јас и мојот син Божидар со гитарата им свиревме. Имаше малку историјат за гитара, но повеќе бевме во пракса повеќе вклучени, така да поентата е да мотивираме, доколку некој сака да почне да свири гитара, земајќи во предвид во какво време живееме, а со технологијата сме окупирани , така да не е лошо да се започне, бидејќи Штип е градот на музиката“, вели Ивица Јорданов

Гитарата покрај што дава можност за слобода на уметничко изразување, таа служи и за социјално изразување во друштво, додава Божидар Јорданов и е согласен дека потребно е правлиното користење на социјалните технологии и мрежи за едукација и социјализација

“Тоа што го нуди гитарата е можност што не се наоѓа кај другите можности како што се технологиите како социјалните мрежи. Ние сакаме да им ја понудиме и на другите млади, а јас живеам во истото време каде владеат социјалните мрежи и технологии, каде гитарата ми има понудено слоба на изразување не само уметнички, туку и социјално да се изразам во друштво, кога ќе седнеме да свириме, да пееме и тоа е нештото што сакам и јас да им ја дадам на другите, како што се мојата генерација, па и помладите, вели Божидар Јорданов

Имајќи во предвид високите температури, но и промената на начинот на живот кај младите, објацата музичари позитивно изненадени и задоволни од заинтерисираноста и посетеноста

“Земајќи во обзир дека надвор е доста топло, добра бројка е ова на млади дечки, кои што дојдоа и морам да споменам дека ова е два дена, оваа гитарска работилница и утре што ќе биде. Утре се работи исто со часови така да и утре сме тука. Покана до вас и до вашите гледачи.“ додава Јорданов

Гитаристот Ивица Јорданов покрај со музичото интерпретирање, повеќе од 15 години работи и на поправка и реставрација на гитари и други жичени инструменти. Тој е гитарист во групата „Морал“ и во Коки и Тајфата, додека неговиот син Божидар е наследник на оваа уметност

Лаура Стојанова, М-Нет