Четврти ден се трага по исчезнатата 74 годишна Драгица Ристевска од Штип

Се уште се трага по 74 Драгица од Штип која на 19 јули е пријавена за исчезната.

На 19.07.2024 во 15.00 часот во СВР Штип, Б.К.(55) од Штип пријавила дека од домот се оддалечила нејзината мајка Драгица Ристевска (74), лице со здравствени проблеми, а која и претходно неколку пати се оддалечувала и се враќала дома. По преземени мерки од страна на полициски службеници од СВР Штип, добиени се сознанија дека Д.Р. последен пат била забележана околу 18.30 часот на 18.07.2024 година, во викенд населбата Суитлак, по што е извршен преглед на околниот терен, а потрагата продолжува во наредните денови и на поширок терен, при што е користено и беспилотно летало-дрон, сопственост на МВР, но до овој момент лицето не е пронајдено.

Според пријавеното, оддалеченото лице, кое боледува од Алцхајмерова болест, е на возраст од 74 години, висина од 160 см, тежина од околу 50 кг, со бела кратка коса, бел тен и плави очи, облечена во кратки панталони во светло сина боја и бела маица. Ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во пронаоѓањето на оддалеченото лице, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на  телефонските броеви 192 или 112.

Лаура Стојанова, М-Нет