
На 20.07.2024 во 21.35 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода Т.С.(48) од с.Градец, виничко. Тој бил баран по централен распис од Полициската станица Кочани поради сомнение дека околу 20.00 часот на ул.„Димитар Влахов “ во Кочани со возилото „фолксваген пасат“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „форд фокус“ со кочански регистарски ознаки, по што го напуштил местото. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Кочани за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.